Домаќините Шпанија и Алжир, вечерва од 19 часот ќе ја почнат ракометната магија на Светското првенство со премиерниот натпревар во групата Д. Во прекрасната арена „Ла Каха маџика“ во Мадрид, Шпанците се апсолутни фаворити против Алжир. На мундијалот ќе игра и македонската репрезентација, која се најде во групата Б, во Севилја, заедно со Данска, Русија, Исланд, Чиле и Катар. Првиот меч го играме утре против Чиле.
– Одиме чекор по чекор и мора да бидеме внимателни. За успех ни треба колективен дух и максимално залагање – вели капитенот Кирил Лазаров. Патешествието од 20 часа до Севилја ги замори нашите репрезентативци, но против Чиле не би требало да имаме проблеми. Најпознат ракометар во јужноамериканскиот состав е некогашниот пивот на Барселона Марко Онето, сега член на унгарски Веспрем.
На шампионатот учествуваат 24 репрезентации, а ќе се игра по нов систем, со осминафинални средби веднаш по првата групна фаза. Најдобрите четири селекции од шесте групи одат понатаму во нокаут-фазата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


