Денеска во 19 часот „Авалон продукција“ ќе го промовира втората песна од новиот албум „Македонско девојче 2“ на Каролина Гочева.
Песната го носи името „Две лири (Не ни било пишано)“ и премиерно ќе биде пуштена неколку часа пред Василица.
Првата песна од „Македонско девојче 2“ што беше пуштена во етерот беше „Чалгиска“.
Новиот албум Каролина ќе го промовира со пет концерти во Македонската опера и балет од 20-24 февруари. „Македонско девојче 2“ ќе биде пуштен во продажба од 25 февруари низ цела Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.