| четврток, 6 декември 2018 |

Искршена плочата на Мара Бунева

marija-buneva-9jpg

Непознати сторители повторно го уништија спомен обележјето поставено во чест на тетовката Мара Бунева, кое вчера стотина граѓани од бугарски здруженија во Македонија, кои се декларираат како етнички Бугари, го поставија на кејот на Вардар, јавува Макфакс.
Спомен плочата беше поставена во чест на одбележувањето на 86 години од атентатот врз Велимир Прелиќ што на 13-ти јануари 1928-ма година, го извршила Бунева, по што се самоубила.

marija-buneva-13

И минатата година истите тие здруженија ја поставија спомен плочата на Мара Бунева но и тогаш таа не го дочека утрото, односно уште првата ноќ беше скршена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top