| четврток, 6 декември 2018 |

Сензација во Мелбурн, анонимната Кумкум ја елиминира Квитова

Прва сензација се случи на премиерниот ден од стартниот гранслем во сезоната, Отворено првенство на Австралија, а ја приреди 20-годишната Тајланѓанка, Луксика Кумкум, со елиминација на Петра Квитова. Како 87-рангирана светска тенисерка, Кумкум славеше со 6-2, 1-6, 6-4 против шестата носителка во Мелбурн. Квитова има многу повисок рејтинг во светот на женскиот тенис, освои и титула на престижниот Вимблдон, но не најде противигра за брзата и снаодлива тинејџерка од Чантабури.

Луксика го игра само вториот гранслем во кариерата, а триумфот против Чешката тенисерка ѝ е најголем успех. Лани на истиот турнир во Мелбурн успеа да се пласира во второто коло, а подвигот денеска сигурно ќе ѝ го подобри пласманот на листата на ВТА.

Квитова направи рибрејк во клучен момент за намалување на 4-5 во третиот сет, но потоа го загуби сервисот и тоа на најлош можен начин со двојна сервис грешка, со што се прости од настапот во Мелбурн. Претходно и Венус Вилијамс испадна на стартот по поразот од Екатерина Макарова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top