Познатиот германски автомобилски гигант Ауди, на саемот CES го претстави својот таблет наменет за возилата. Таблетот наречен Audi Smart Display е со екран од 10,2 инчи и 1920×1080 пиксели со Full HD резулуција, јавува Економски лидер.
Сопствениците на возилата со таблетот ќе управуваат со гласовни компанди, ќе уживаат во Wi-Fi интернет, што за некои пазари ќе го овозможи партнерот на Ауди AT&T. Таблетот има и LTE 4G поврзност, па така корисниците ќе имаат можност да ги презмеаат апликациите од Google Play Store како и на обичните таблети.
Ауди не објави кога нивниот таблет ќе се најде на патиштата, ниту пак, колку ќе чини доколку се продава во пакет со автомобилите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.