| четврток, 6 декември 2018 |

Социјално загрозените лица од Дојран добија облека запланета од Царината

stamov

Борче Стамов

Спортски обувки, облека од познати марки и производи за домакинство запленети од Царината, градоначалникот на Дојран Борче Стамов им донираше на педесет социјално загрозени семејства од општина Дојран.

Дел од производите зависно од потребите ќе бидат предадени на сиромашните и многудетни семејства, на семејствата со самохрани родители и на лица корисници на социјална помош, изјави градоначалникот Стамов.

Акцијата е овозможена со измените на Законот за царински мерки за заштита на интелектуалната сопственост, а Центарот за социјални работи од Гевгелија води сметка производите да стигнат во домовите на лицата на кои им се најпотребни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top