| четврток, 6 декември 2018 |

Мистерија во Србија – лик на жена се појавил на влез во тунел додека сликал

misterija-630x425

Обично туристичко патување за еден граѓанин се претвори во таканаречено мистично искуство. М.М. од Крагуевац во Србија направил фотографија на која, како што вели, јасно се гледа женски профил преку целиот тунел на Шарганската осмица, место каде во неделата бил на излет, пишува MKnews.mk.

– Се возевме со возот, и јас цело времо фотографирав. Тогаш не приметив никаква необична појава, но кога стигнав дома и кога ги прегледав сликите, видов женски профил преку целиот тунел – вели жителот од Крагуевац.

Тој додава дека на секој на кого му ја покажал фотографијата, му соопштил дека на истата гледа женски профил. „Приказната беше до толку необична што посакав да ја споделам со другите, па ви ја испратив на вас“, вели М.М. и додава дека ваква необична ситуација му се случила за прв пат во животот.

Психолошкиот момент да луѓето ги забележат човечките особини на сликите на природата, како што е случајот на профилот на жена во тунелот, се нарекува параидолија. Феноменот често се јавува во време на верските празници. Психолозите ваквата приказна, па и ова со Шарган, го објаснуваат со феномен на параидолија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top