Попладнево се случила сообраќајна несреќа во која една жена е полесно повредна и за среќа по прегледот е пуштена на домашно лекување.
Жената е полесно повредена откако изгубила контрола над возилото со кое управувала, излетала од патот и удрила во ограда на автопатот Скопје – Велес, на два километри после патарината.
Според информациите од полицијата, сообраќајната незгода се случила околу 15 часот и 10 минути на автопатот Скопје – Велес, на два километри после патарината. М.В. од Струмица управувала автомобил „Пунто“ и притоа изгубила контрола над возилото, излетала од патот и удрила во ограда.
Укажана и е лекарска помош во болницата во Велес, каде што се констатирани телесни повреди, по што е пуштена на домашно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.