Почина момчето кое за Нова година беше претепано во Сиднеј, Австралија, објавија тамошните медиуми. Тинејџерот од Сиднеј Даниел Кристи кој беше претепан на новогодишната вечер почина во болницата „Сент Винсент“ во Сиднеј.
Македонските иселеници велат дека станува збор за момче кое имало македонско потекло. Но, извори на „Република“ од болницата „Сент Винсент“ велат дека починатиот тинејџер немал потекло од Македонија.
Кристи бил во кома 10 дена во болницата во Сиднеј. Таму бил донесен во критична состојба. Според изворите на „Република“, Кристи на новогодишната вечер бил удрен одзади и ја повредил главата.
– Во последните три години имаше најмалку 5-6 жртви кои починаа на ваков начин. Несреќите се случија на исто место, каде што се дискотеките – велат нашите извори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.