| четврток, 6 декември 2018 |

Милионски скандал ја тресе Грција

kontominas-640x320

Милионски скандал веќе четврти ден ја тресе Грција, јавува дописникот од Атина на скопската телевизија „Канал 5“. Димитрис Кондоминас, Лаврендис Лаврендиадс, Кирјакос Гривеас се дел од најпознатите грчки бизнисмени кои со помош на поранешниот раководител на банката, Ангелос Филипидис направиле механизам за лично збогатување, перење пари и оштетување на државата во периодот 2007 – 2012.

Димитрис Кондомниас ја оштетил грчката држава за околу 110 милион евра, според објавеното обвинение. Грчкиот бизнисмен и уште 3 се уапсени, а против 29 лица вработени во банката е покренато обвинение. Кондоминас во моментите кога беше издаден налогот за апсење, бил на лекување во една приватна атинска болница, па за сега останува таму под полициски надзор. Закажано е во вторник да излезе пред истражен судија.

Кондоминас, поранешниот раководител на банката,Филипидис и уште неколку бизнисмени, во периодот 2007 – 2012 нелегално се збогатиле со матни зделки за добивање кредити, меѓутоа, како што е наведено во обвинението, милионите евра не биле за да се зајакне нивниот бизнис, туку да се зголеми личното богатство на бизнисмените.
Конкретно, Кондоминас, кој на македонската јавност и е познат по вмешаноста во случајот Маѓар Телеком, но и по неговото учество во проектот Скопје 2014та (го гради офицерскиот дом и хотел на плоштадот „Македонија“), се товари за добивање сомнителен кредит во висина од 110 милиони евра и вмешаност во купо-продажбата на фирмата за кредитни картички „Бестлајн„.
Во октомври 2008. под посебни услови и со гаранции кои се сметаат за непостоечки, Кондоминас на име на неговата фирма, „Демко“ земал заем во висина од 21 милиони евра, префрлен во посебен дел за ликвидација на Поштенската банка. До денес, се уште не
исплатил 9.8 милиони евра, а кредитот не го искористил за целта за која бил подигнат, туку за да покрие друг заем од Милениум банката, за неговата ќерка да купи недвижнини во Англија.
Во однос на зделката меѓу Бестлајн и Поштенската Банка, клучна улога одиграл тогашниот раководител Филипидис.

Кодоминас пак, од своја страна тврди дека е не е виновен и дека сите кредити биле легални и покриени не само од гаранциите што ги дал, туку и од неговата имотна состојба и личното богатство.
Поранешниот раководител на Поштенската Банка во петокот вечерта го уапси турската полиција, откако нивните грчки колеги, го лоцирале по мобилниот телефон, односно помогнале неговите телефонски јавувања и учество во вестите на грчките телевизии.
Ангелос Филипидис се до апсењето тврдел дека е во САД и дека следната седмица се враќа во Атина, меѓутоа мобилниот го издаде дека се наоѓа во хотел во Истанбул. Во моментот на апсењето кај него биле пронајдени, евра, долари, турски лири но и дозвола за престој во Швајцарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top