| четврток, 6 декември 2018 |

Русија: Уапсени пет членови на терористичка организација

Руските власти објавија дека се уапсени пет членови на „забранета меѓународна терористичка организација“ во северниот регион на Кавказ, пренесува Би-Би-Си.

Наводните терористи се уапсени во градот Налчик, кој се наоѓа на 300 км источно од Сочи, градот – домаќин на Зимските Олимписки игри.

Русија веќе објави дека во тој регион ќе испрати повеќе од 30.000 полицајци и припадници на другите безбедносни служби со цел да бидат спречени можни терористички напади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top