| четврток, 6 декември 2018 |

По 17 часа малтретирање, ракометарите пристигнаа во Данска

mkd-640x360-610x343

По 17 часа од тргнувањето од Скопје, македонските ракометари ноќеска, околу еден часот по полноќ стигнаале во Хернинг. Им останаа 19 часа  за одмор, тренинг и подготовки за првиот меч од Европското првенство, кој се игра денеска во 20 часот и 30 минуто. Денеска од 11 до 12 часот ќе имаат тренинг, по што вечерва ќе се обидат да и се спротистават на шампионската селекција на домаќините.

Селекоторот на македонската репрезентација Ивица Обрван се реши со кои 16 ракометари ќе игра во првата фазата од натпреварите. Од листата отпаднаа Никола Митревски, Никола Маркоски, додека Немања Прибак нема право на настап.

На вечерашниот дуел со Данска ќе играат: Ристовски, Ангелов, Димовски, Стоилов, Георгиевски, З.Мојсовски, Манасков, Ојлески, К.Лазаров, Митков, Миркуловски, Пецаковски, Јоновски, Велко Марковски, Стојчевски и Ангеловски.

/инаку, ракометарите од Скопје тргнаа околу 7 :30 часот кон Аеродромот Александар Велики. Поради густата магла нивниот лет беше одложен. По неколку часа поминати на аеродром, со автобус се упатија кон Софија, од каде синоќа, после 20 часот полетаа за Данска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top