Во синоќешните судири меѓу специјалните единици “Беркут” и демонстрантите, во Киев беа повредени 10 лица. Причините за уште демонстрации на опозиционерите е случајот против т.н. “Василковски терористи”.
Меѓу повредените се и опозициски политичари, како поранешниот министер за внатрешни работи Јуриј Луценко и тројца пратеници од партијата “Слобода” . Луценко бил примен во болница.
Политичарите потврдуваат дека биле тепани од полицијата.
Уште најмалку шест од повредените при протестот се пренесени во болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.