| четврток, 6 декември 2018 |

Брат на водечки политичар предизвикал сообраќајка кај Кичево во која загина возач!?

Според неофицијални информации од граѓани кои што се нашле на местото на инцидентот братот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Ведат Ахмети учествувал во вчерашната сообраќајна несреќа на регионалниот пат Зајас – Кичево во која животот го загуби едно лице.

Според информациите на „Република“ до несреќата дошло откако едно патничко возило удрило во задниот дел од трактор кој што немал соодветна светлосна сигнализација  а бил управуван од Ведат Ахмети.

По судирот возачот на патничкиот автомобил ја изгубил контролата се префрлил на другата коловозна лента каде се судрил со возило комбе кое што доаѓало од спротивен правец.

Во судирот едно лице загина а едно било полесно повредено.

Во инцидентот повреден е и братот на Али, Ведат Ахмети кој според информациите на „Република“ не смеел да вози на регионалниот пат Зајас – Кичево без соодветна светлосна сигнализација.

Македонската полиција се очекува денеска да даде информации за вчерашниот инцидент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top