Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во земјата се одвива тековно, по наместа влажни коловози. Поради магла намалена видливост до педесет метри има кај Страцин, Тетово, Павлешенци и Кула.
Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Демир Капија – Удово и Катланово – Велес.
Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.