| четврток, 6 декември 2018 |

Џенет Јелен: Година на американската економија

janet_yellenЏенет Јелен, следната претседателка со американската Управа за федерални резерви, е уверена дека економијата во САД годинава ќе зајакне.

– Мислам дека оваа година ќе имаме поголем економски раст. Голем број од моите колеги од ФЕД очекуваат раст над три, а не два отсто, како што претходно се веруваше – ја пренесе магазинот „Тајм“.

Јелен ја презема функцијата од 1 февруари и ќе биде првата жена-шеф на Управа за федерални резерви.

– Стабилизирањето на економијата по рецесијата од 2008-2009 година е фрустрирачки споро. Сепак, остваруваме напредок во враќање на луѓето на работните места, а очекувам и успорување на инфлацијата на долг рок од два отсто – додава таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top