Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб одигра одличен меч за Фенербахче против Барселона, постигна 13 поени, но сепак турскиот тим е поразен со 73-76 во Истанбул. Барселона играше без својот најдобар кошаркар Хуан Карлос Наваро, а сепак славеше значајна победа во топ-16 фазата во Евролигата.
Каталонците ги предводеше извонредниот Бразилец Уертас со 23 поени и 7 асистенции, Олесно забележа 14 поени, додека кај поразениот тим Бјелица и Махматоглу беа најефикасни со по 15 поени. Мекејлеб за 26 и пол минути посњтигна 13 поени и имаше 3 скока.
Во останатите натпревари вечерва сите домашни екипи славеа. Сензационално оддекна првиот пораз на Олимпијакос во 12-от меч сезонава во Евролигата и тоа со неверојатни 30 поени разлика од Армани Милано. Италијанците играа без репрезентативецот Џентиле, а сепак го декласираа двојниот европски првак со 81-51.
Баерн во Минхен направи огромен пресврт, надомести двоцифрена негатива со Партизан и славеа со 71-65, додека Макаби во Тел Авив со 85-75 ја совлада Локомотив Кубан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


