Пејачот и перкусионист Мартин Вучиќ на „Фејсбук“ реагираше за македонскиот менталитет добро опишан во народната „не можеш да бидеш поп во своето село“.
– Читам и се чудам – сите се воодушевени од Даниел Кајмакоски и паѓаат во транс. Сѐ е тоа во ред, да не бидам погрешно сфатен. Дечкото пее стварно ооодлично, изгледа добро, а богами има и харизма. Само едно не можам да сфатам. Истиот тој Даниел беше присутен на „Охридски фестивал“ во 2009 година (ако не грешам) со песната „Нежна ко принцеза“.
И тогаш Даниел изгледаше добро и пееше супер, а да бидам искрен и песната што ја изведе таму беше добра. Истиот тој Даниел не го примети тогаш никој, односно не му даде место на оваа „естрада“, а неговата песна на „Јутјуб“ има, за жал, не повеќе од 2000 гледаност.
Се прашувам до кога ние нашите артисти нема да ги приметуваме, односно ќе чекаме некој надвор од границите на нашава земја да ги признае за истите да бидат величани и од нас. Патетично е сето тоа…
Сакам да му посакам успех во натамошната кариера, која се надевам нема да ја гради тука во Македонија, туку на големи сцени ширум светот, без оглед дали ќе победи или не на „Икс-фактор“.
Само напред друже, што е твое ќе си дојде…“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


