Турскиот актер Бурат Озџивит, по кого „збеснува“ не само Турција, туку и целиот Балкан, неодамна ја раскина свршувачката со неговата девојка Џејлан Чапа, бидејќи таа го изневерувала.
Но, не помина долго, пред Бали Бег (улогата во серијата „Величествениот“ која го прослави Озџвит) да си најде нова љубов.
Според турските медиуми, тој утеха нашол во колешката Фахрије Евчен, кај нас најпозната по улогата на Неџла во турската серија „Кога лисјата паѓаат“.
Озџвит и Евчен заедно глумат во нова серија „Царче“, а токму нивните колеги од сетот ја открија нивната меѓусебна симпатија.
– Секој ден се дружат на работа, заедно го учат текстот и се почесто се гледаат и надвор од сетот. Слушнавме дека таа веќе неколку пати била во ресторанот кој го отвори Бурак во најголемиот трговски центар во Истанбул – откриваат тие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


