Македонскиот претставник во женскиот ракометен ЕХФ куп, ЖРК Вардар од четвртокот е во Краснодар каде денеска од 12 часот по наше (15 по руско време) го игра реванш осминафиналниот натпревар со Кубан. Русинките имаат предност на домашен терен, но избраничките на Индира Кастратовиќ и на гости одат на победа што носи продор во четвртфиналето.
-Заминуваме без бело знаме. Ќе ги поправиме грешките од првиот меч, тоа го работевме во минатата недела. Ако го одработиме тоа што го договоривме на тренинзите Кубан ќе има проблем со нас-рече тренерот на ЖРК Вардар, Индира Кастратовиќ за Република непосредно пред заминувањето за Русија.
ЖРК Вардар деновиве беше интересен за пошироката спортска јавност поради потписите на Андреа Лекиќ и Јованка Радичевиќ, и најавата дека во Борис Трајковски следната сезона може да заиграат и Маја Зебиќ, Татјана Хмирова, па дури и најдобрата светска ракометарка Катарина Булатовиќ, па пласман во четвртфиналето од ЕХФ купот со овој состав ќе биде одличен стимул и основа за новите акции и вложувања.
Освен женскиот дел од црвено-црните кампус, денеска (16.00) во Брест Мешков игра и машката екипа, Вардар про. Станува збор за средба од СЕХА лигата во која четвртопласираниот му е домаќин на третиот на табелата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст