| четврток, 6 декември 2018 |

Сите Норвежани вчера станаа милионери

Секој жител на Норвешка вчера теоретски стана милионер, благодарејќи на најбогатиот инвестициски фонд во светот.

Норвешкиот пензиски фонд „Глобал“, основан во 1990 година, во своја сопственост има еден процент од светските акции, како и обврзници и недвижности од Лондон, па се до Бостон, што ја прави оваа скандинавска земја да биде исклучок во моментот кога сите други нации се во големи долгови.

Во соопштението на централната банка на Норвешка, која раководи со фондот, се истакнува дека средствата во фондот, благодарение на приходите од високите цени на нафтата и гасот, пораснале на 5.11 билиони круни, што е скоро милион пати повеќе од популацијата во оваа земја, која според последните проценки изнесува 5.096.300 жители.

– Ова е прв пат капацитетот на Фондот да ја достигне сумата од милион круни за секој жител – изјави портпаролот на централната банка, Томас Севанг.

Нормално секој Норвежанец нема да има пристап до тие пари и да ги троши, затоа што тие се чуваат за „црни денови“ и за идните генерации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top