| четврток, 6 декември 2018 |

Рудник во Осломеј ќе стане регионална депонија

rek-oslomej

Сè поизвесно е дека регионалната депонија за Југозападниот регион од Македонија кој опфаќа девет општини, меѓу кои и Охрид и Струга, ќе се гради во општина Кичево, односно поранешниот рудник во Осломеј, информираат од Центарот за развој на југо-западниот плански регион, пренесува Охрид Њуз.

– Дадена е препорака од владата, која потоа беше и прифатена, како локација за изградба на регионална депонија да биде поранешен рудник во Осломеј. Општина Кичево веќе работи на подигнување на свеста и навикнување на населението, процес кој засега успешно се одвива – изјави директорката на Центарот за развој на југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска.

Управувањето со отпадот во југо-западниот регион беше тема на денеска одржаниот состанок по иницијатива на центарот. На состанокот, се разгледуваа владините заклучоци околу управувањето со отпадот и комуналните пролеми на две локации во општина Охрид – Рача и Вапила, со цел проблемите во иднина да се решаваат преку изработка на акциски план.

Во изминатиот период се формирани сите тела за управување со отпадот во југо-западниот регион – одбор кој го сочинуваат деветте градоначалници од општините во регионот, формирана е стручна служба од директори на комуналните претпријатија и претставници од Центар за развој на југо-западниот плански регион, односно исполнети се сите предуслови за изработка на регионален план за управуавње со отпад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top