Најмалку 23 лица загинаа, а околу 30 други се ранети денеска кога бомбаш-самоубиец се разнесе во центар за регрутација на војници во Багдад, соопшти ирачката полиција.
Досега никој не ја презеде одговорност за нападот, но, според полицијата, ваквите самоубиствени напади се карактеристични за ирачкиот огранок на Ал Каеда, чии припадници минатата седмица презедоа делови од клучните градови западно од Багдад, Рамади и Фалуџа, и водат борби со ирачките сили, кои се обидуваат да ја повратат контролата врз тие реони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.