| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија: Запалени автомобилите на пратеник на ГЕРБ

podpaliha-avtomobil-na-bivsha-advokat-na-rashkovi-25931Двата автомобили, џип „мерцедес“ и „тојота“, на бугарскиот пратеник на ГЕРБ, Антониј Јорданов, и на неговата сопруга синоќа биле запалени пред нивниот дом. Бидејќи автомобилите не биле паркирани еден до друг, се смета дека се работи за намерно подметнати пожари, за кои засега нема сознанија за сторителот, јавуваат бугарските медиуми. Велат дека ниту пратеникот ниту неговата сопруга, која што исто е политички активна, не се поврзуваат со некаков скандал. Од опозициската ГЕРБ бараат итно расчистување на случајот, како и заштита на нивните претставници, поради загриженост од, како што велат, „ескалирање на криминалот како што наближуваат изборите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top