| четврток, 6 декември 2018 |

Во првата недела на 2014 година, 13 нови случаи на грип

Во првата седмица на годинава, односно од 30 декември лани до неделата, пријавени се 366 нови случаи на грип, што е 2,6 пати повеќе отколку во првата седмица на минатата година, информираaт од Институтот за јавно здравје. Бројката од 366 нови случаи изнесува дури 27,3 проценти од вкупниот број случаи сезонава, односно од почетокот на октомври.

Бројот на пријавени случаи на грип во Македонија бележи континуиран пораст и се очекува овој тренд на пораст на активноста на вирусот на грип да се одржува во наредните недели и месеци.

Вкупниот број на заболени од грип, инаку,  од почетокот на сезоната 2013/2014 година (односно, 40. седмица на 2013 година заклучно со првата седмица од годинава изнесува 1.343. Во овој период нема регистрирани смртни случаи асоцирани со инфекции со вирусот на грип.

Во споредба со истиот период минатата година (740), постои зголемување на вкупниот број заболени лица за 81,5 проценти, а во однос на просекот за 10-годишниот период (1.423) се регистрира намалување на бројот на заболени во оваа сезона за 5,6 проценти.

Дистрибуцијата на заболените од грип по месеци укажува на тоа дека во декември се пријавени најголем број случаи со симптоми на грип (606 случаи, 45,1 проценти), додека само во првата недела од јануари 2014 година, пријавените 366 случаи чинат 27,3 проценти од вкупниот број на заболени во целата сезона 2013/2014 година.

Најголем број на заболени сезонава се на возраст од 15 до 64 години, односно 770, а според бројот на население, најзагрозено е Пехчево, со 40,5 случаи на 10.000 жители, а најголем број  заболени (324) се регистрирани на територијата на Куманово.

Во текот на првата недела 2014 година, пристигнати се три материјали за тестирање во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ и трите се негативни. Од почетокот на сезоната 2013/2014 година, во оваа лабораторија се пристигнати вкупно 26 хумани материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти, од кои шест или 23,1 процент биле позитивни на вирусот на инфлуенца А/H1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top