| четврток, 6 декември 2018 |

Што и да се случи, Македонија е со вас (фотогалерија)

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, ги посети ракометарите на нивниот денешен тренинг во СРЦ „Кале“.

Македонската ракометна репрезентација ги одработува последните тренинзи пред патувањето за Данска. Денеска во СРЦ „Кале“ ракометарите ги посети премиерот на Република Македонија, кој им ги честиташе празниците и воедно им посака среќа и успех на Европското првенство. Груевски во кратката средба со ракометната репрезентација порача дека што и да се случи, односно каков пласман и да остварат нашите ракометари, јавноста во Македонија ќе биде со нив, односно ќе ја имаат поддршката од сите нас.

Видеото погледнете го на следниот линк.


Фото: Александар Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top