| четврток, 6 декември 2018 |

Бијонсе не сака да оди на венчавката на Кање и на Ким Кардашијан

Популарната пејачка Бијонсе не сака да оди на венчавката на нејзиниот пријател Кање Вест бидејќи верува дека Ким Кардашијан ќе направи медиумска сензација од нејзиното доаѓање.

Иако Кање и Бијонсе се многу добри пријатели, пејачката не е заинтересирана за дружење со неговата свршеница.

Според пишувањата на магазинот „Стар“ Ким ја прашала Бијонсе дали ќе сака да и биде деверуша, по што таа веднаш ја одбила. Тоа што е полошо, Ким се фалела дека Бијонсе едвај чека да оди на нивната венчавка.

Сепак, Ким останала посрамотена кога Бијонсе ја одбила, а пораката што ја добила била многу неочекувана.

Иако Бијонсе се труди да одржува нормален однос со неа и со нејзиното семејство, изворите тврдат дека таа не ја поднесува Ким.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top