| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот германски дипломат ќе ја притисне Атина за името?

K

Шефот на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмајер, за „Дојче веле“ потврдил дека една од темите во неговите разговори во Атина ќе биде и Македонија.

„Сигурен сум дека патувам за Атина добро подготвен. Секако дека мојата подготвеност се однесува и за односите меѓу Грција и Македонија за кои сум сигурен дека ќе се разговара. Со Грција ќе разговарам за сите отворени прашања – како оние што се однесуваат на Европската унија, така и за економската криза и односите со соседите“, изјави Франк-Валтер Штајнмајер одговарајќи на прашање на „Дојче веле“: Дали на разговорите кои ќе ги води во Атина тема ќе биде и Македонија и грчката блокада на европските интеграции на земјата?

Пред посетата на грчката престолнина, тој вчера попладне во Берлин разговорал со шведскиот ресорен колега Карл Билд.

– Скопје и Атина треба да бидат конструктивни. Да бидат подготвени да направат компромис кој е евидентно во интерес на двете земји и со кој ќе се овозможи Македонија да ги почне пристапните преговори со ЕУ, кои ги сметам за неопходни. Тоа е потребно за стабилноста со што ќе се покаже дека земјата оди нанапред. Македонија подолг период е во застој кој сметам дека треба да биде „прекршен. Но, затоа е потребна добра волја од двете страни: и од Скопје и од Атина – изјавил Билд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top