| четврток, 6 декември 2018 |

Видно намалено аерозагадувањето, бремените жени се враќаат на работа

1skopjeslika

Нема да се воведуваат нови мерки во врска со квалитетот на воздухот, а остануваат да важат само препораките за граѓаните. Ова е ставот на Владата донесен на денешната седница на која била разгледана информација на Министерството за животна средина и просторно планирање за состојбата во врска со квалитетот на амбиенталниот воздух.

– Најновите податоци покажуваат дека концентрациите  на материи и честички во воздухот од пред дваесетина дена се видно намалени и се очекуваа нивното количеството во идниот период да остане во овие прифатливи граници. Владата препорачува и понатаму максимално да се внимава на квалитетот на  огревниот материјал кој се користи, да се возат што е можно помалку автомобили и  населението помалку да се изложува на отворено, се вели во соопштението од кабинетот на министерот за животна средина и просторно планирање.

Воедно се потсетува дека  согласно одлуката од Владина седница, од 30 декември 2013 година престанаа да важат мерките за ослободување од работа на лицата со возраст над 60 години, бремените жени и лицата со астма, како и организирање на работите на отворено во временскиот интервал од 11 до 17 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top