| четврток, 6 декември 2018 |

Италијански мафијашки бос се обидел да влијае на резултатите од телевизиско шоу

vania-ferrara-ti-lascio-una-canzone-300x225
Мафијашкиот бос Доменико Ферара беше обвинет дека се обидел да влијае на гласањето во телевизиското музичко шоу во кое учествувала неговата ќерка, која е пејачка, пренесе Би-Би- Си.

Ферара купил стотици мобилни телефони, за да може од нив да се гласа за неговата ќерка. По гласањето, гласачите му ги вратиле телефоните за да се провери дали ја исполниле својата задача.

Не е јасно дали напорите на Ферара влијаеле на резултатите. Ќерката на мафијашкиот бос се пласираше втора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top