| четврток, 6 декември 2018 |

Турчинки бараат создавање „автономна држава на жените“

Група Турчинки побараа да биде создадена „автономна држава на жените“, објави телевизијата Си-Ен-Ен Турк

102042038
Еден месец пред одбележувањето на Меѓународниот ден на жените – 8 Март, членки на женското здружение „Милосрдие“, поднесоа петиција во турскиот Парламент со невообичаено барање. Во неа се наведува дека од моментот на постоењето на Република Турција таа се уште е држава во која господарат мажите.

Претседателката на здружението Хајретин Булан изјави дека Турчинките сакаат да имаат своја држава, во која ќе се обезбеди заштита и мир за жените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top