| четврток, 6 декември 2018 |

Анте Готовина ги тужи САД

Ante-Gotovina1103

Поранешниот хрватски генерал Анте Готовина, кој беше ослободен од Хашкиот трибунал, ги тужи САД бидејќи сè уште не го тргнале од таканаречената црна листа.
Готовина во тужбата наведува дека тоа што се наоѓа на листата му оневозможува економска слобода и му нанесува длабока болка, пишува courthousenews.com. Тој смета дека се работи за незаконска постапка со оглед дека е ослободен од обвиненијата за кои се товареше.

Ниту една американска компанија не смее да работи со лица што се наоѓаат на црната листа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top