Две непознати лица што побарале такси-услуга од компанијата „Сити“ најпрво се возеле во таксито, а потоа го нападнале и ограбиле таксистот заканувајќи му се со нож.
Според податоците на полицијата, вчера околу 19 часот на патот кон кичевското село Раштани, непознатите лица го нападнале 27-годишниот таксист А.М. и успеале да му одземат 1.800 денари.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.