Осумдесет поранешни полицајци и пожарникари се уапсени во САД во рамки на истрагата за измами поврзани со добивање надомест поради наводен инвалидитет и неможност за извршување работни задачи, особено во врска со нападите на 11 септември во 2001 година.
Како што јавува „Би-Би-Си“, меѓу уапсените се 72 полицајци и осум пожарникари. Многу од нив лажно тврделе дека во терористичкиот напад претрпеле повреди или доживеале ментални нарушувања поради кои не можеле повеќе да работат. Се верува дека штетата настаната од оваа измама изнесува неколку стотини милиони долари.
Еден од измамниците тврдел дека имал повреда на вратот, а потоа отворил студио за боречки вештини, додека друг му рекол на лекарот дека боледува од напад на паника и дека не е во можност да излегува од дома, а потоа на социјалните мрежи поставил фотографии на кои се гледа како ужива додека вози скутер на вода… Ова се само дел од примерите за измами објавени во американските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.