| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругата на Шуми: Оставете го нашето семејство на мир

shumaher mihael korina bec

-Ве молиме да не поддржите во заедничката борба со Михаел. Важно ни е да ги оставите лекарите и болничкиот персонал да работат во мир. Ве молам верувајте им на нивните соопштенија и оставете го нашето семејство на мир – им се обрати денеска на новинарите Корина Шумахер, сопругата на легендарниот шампион на Ф1, 45-годишниот Михаел.

Шумахер, деветти ден по несреќата при скијање во Франција и натаму е во индуцирана кома. Неофицијално, веќе не е во животна опасност. Официјално, лекарите тврдат дека состојбата е постабилна.

Полицијата сѐ уште ги истражува околностите за несреќата, а во тоа наводно и помага и снимката од камерата на кацигата на Шумахер. Според Би Би Си, истрагата се обидува да ја добие и снимката од мобителен телефон на еден германски турист, кој според „Шпигел“ ја снимил несреќата сосема случајно, додека ја снимал својата девојка на ски-патеката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top