Тешка сообраќајна несреќа се случила на патот Велес – Штип ноќеска, при што три лица се тешко повредени.
Според досегашните информации, несреќата се случила ноќеска кај селото Каратманово, кога засега од непознати причини, автомобил „Голф 4“ излетал од патот и паднал во ендек. Тројцата повредени, се враќале од забава од селото Лозово.
Двајца од повредените, С.Б. и Ј.А. од Иванковци, поради сериозноста на повредите биле пренесени на скопските Клиники, додека С.С. останал во болница во Велес.
Несреќата се случила во мошне тешки временски услови, со густа магла.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.