Нема конкретна одлука, ниту Владата официјално на седница дискутирала околу таква точка. Се е во сферата на идеи, размислувања и консултации, потенцира портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев на денешната прес – конференција одговарајќи на новинарско прашање за можноста за споделување заеднички дипломатски објект-амбасада со некоја друга земја во рамки на заштедите во македонската дипломатија, објави „Економски“.
– Голем број еворпски земји имаат реализирано заеднички дипломатски мисии во рамки на еден објект. Тоа не значи суштинско поврзување на самите дипломатии или пак координирана надворешна политика, туку инфраструктурно поголем број дипломатски мисии се лоцираат во рамки на еден објект, рече Ѓорѓиев.
Во подолг временски период откако се започнати светската економска криза и европската должничка криза, не само Република Македонија и земјите од Балканот, подвлече тој, туку и општо сите земји од светот размислуваат за определени опции за менаџирање на својата надворешна политика конкретно на обезбедување евентуални можности за сервисирање на услуги од повеќе држави во рмаки на еден објект.
Тој модел го применуваат Скандинавските земји и земјите од источна и средна Европа.
Во оваа смисла, рече Ѓорѓиев, и нашата дипломатија има разговарано и разменувано мислења со поголем број државаи околу можноста евентуално да се користат заеднички објекти за реализација на дипломатските мисии.
– Се разговарало и со Република Турција и со балканските земји, мислења и ставови биле разменети околу тоа, но конкретна одлука во однос на сите детали нема. Доколку се усвои или се формулира некоја таква политика и има конкретна одлука ќе информираме за тоа, дециден е владиниот портпарол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


