| четврток, 6 декември 2018 |

Економската слика на трговците

dragstorСпоред оценката на македонските компании кои се занимаваат со трговија на мало за економската состојба, во четвртото тримесечје од 2012 година, е понеповолна во однос на третото тримесечје од истата година, а поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2011 година.

Според Државниот завод за статистика, количината на залихите во четвртото тримесечје од 2012 година е зголемена во однос на третото тримесечје. Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се малку понеповолни, како и очекувањата за бројот на вработените, во однос на третото тримесечје од 2012 година.

Раководителите оцениле дека продажните цени во четвртото тримесечје од 2012 година се зголемиле во однос на третото тримесечје. Затоа, очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци е дека ќе се намалат. Според истражувањето за Статистика, најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба во четвртото тримесечје од 2012 година имале слабата побарувачка на купувачите со 34,3 отсто, зголемената конкуренција со 17,4 и зголемената понуда на пазарот со 14,3 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top