| четврток, 6 декември 2018 |

Ново издание на „Македонска ризница“

Македонска ризница е непрофитно електронско списание каде за прв пат можете од прва рака да се запознаете со творештвото на група автори и научници, историчари, етнолози, археолози, и други соработници чии имиња помалку или повеќе можеби и не ви се познати но нивните дела се значајна алка од македонската научна индустрија.

Во најновиот празничен во Македонската ризница  број ќе читате за Битката во село Паралово Мариовско во која загинал македонскиот револуционер Ѓорѓија Сугарев, а заедно со д-р по историја Димитар Љоровски Вамваковски ќе се прошетаме и до село Бобишта Костурско за да се запознаеме со борбата на Македонците од овој крај, за национална јазична и културна само-идентификација и слобода.

 

Јордан Коцевски ќе ве внесе во светот на стрипот погледнат од една македонска гледна точка, а потоа ексклузивно ќе можете да прочитате и за трнливиот пат на македонското печалбарство извадок од сеуште не објавениот роман „Под Друга Капа“ на Владо Јаневски.

 
Преку „Македонска Ризница“ со свое прво интервју на македонски јазик ќе можете да се запознаете и со животната приказна на Сара Ароести горда Сефардска Еврејка родена во Америка, со  потекло од Битола, која се труди традиционалните фолклорни Ладино вредности и култура, преку музиката да ги пренесе и до пошироката публика.

Во новогодишниот број ќе се запознаете и со поезијата на младата македонска поетеса Искра Донева, на која и е потребна помош за да излезе од ќорсокакот во кој ја донел животот.

Во ова издание поместени се и фотографии на Билјана Јанкуловска, и стрип илустрацие на Иванчо Николов.

Македонска Ризниоца Број 18:
http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_18

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top