| четврток, 6 декември 2018 |

Кинескињите изнајмуваат момчиња преку интернет

На најпопуларниот кинески сајт за трговија “Таобао” се нудат и момци “за изнајмување”. За 50 долари дневно, Кинезите глумат вереник

china
На најпопуларниот кинески сајт за трговија, има дел каде се нудат момчиња за изнајмување. Периодов, изнајмувањето порасна во пресрет на Кинеската Нова година, која се слави викендов што претстои.
Во Кина, девојките постојано се под притисок на семејствата, бидејќи според нив тие мораат да најдат сопруг пред да наполнат 30 години. Оние кои сеуште немаат момче, се одлучуваат да изнајмат вереник, за да го задоволат семејството.
За 50 долари дневно, Кинезите глумат вереник. Некои од нив прецизираа ценовник: пет долари да и прават друштво на дамата за вечера, осум долари за бакнеж во образ. Доколку од нив се очекува да ја поминат новогодишната ноќ во куќата на девојката, за преспивање во сопствен кревет наплаќаат 80 долари, а 95 долари доколку ги сместат на креветот во дневната соба.
Извор: Нова Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top