| четврток, 6 декември 2018 |

Охридската полиција потврди: Пронајдено телото на малолетната Маја

maja blazevska

Охридската полиција и официјално потврди дека пронајдениот труп во Охрид е на четиринаесетгодишната Маја Блажевска од охридското село Лешани. Телото вчера беше пронајдено кај местото познато како Натнасер Бачила во атарот на селото Велмеј, во близина на Охрид. Според информациите од полицијата, телото било во распаѓање поради изложеност на природните околности, но и на живиот свет што живее во тој крај.

Се работи за девојчето кое, според нејзиното семејство, имаше избегано од дома со намера да замине кај момчето кое го запознала преку „Фејсбук“. Оттогаш ѝ се губи секаква трага. Нејзиниот мобилен беше недостапен, а последно бил лоциран во областа на Дебарца. Семејството се сомневаше дека Маја ја напуштила државата.

Од СВР Охрид велат дека денеска на прес-конференција ќе соопштат повеќе детали за смртта на малолетната девојка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top