| четврток, 6 декември 2018 |

И кинескиот спасувачки брод заглави во лед (видео)

И кинескиот мразокршач „Снежен змеј“, со кој вчера беа евакуира патниците од рускиот истражувачки брод „Академик Шокалски“, заглави во лед, соопшти денеска австралиската Служба за поморска безбедност.
Тој успеа да ги извлече патниците што девет дена беа заглавени во мразот крај Антарктикот.

Icebound Antarctic research vessel awaits icebreaker releaseКинескиот брод синоќа ги префрли евакуираните 52 патници на австралискиот мразокршач „Аурора Аустралис“, по што и самиот западнал во проблеми со мразот. Поради тоа, австралиската Служба за поморска безбедност му наредила на бродот „Аурора Аустралис“ да остане на местото и доколку биде потребно да му укаже помош на кинескиот мразокршач. Во моментов нема непосредна опасност за „Снежниот змеј“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top