| четврток, 6 декември 2018 |

Естонскиот претседател мака мачи на „Фејсбук“

D34D1146
Претседателот на Естонија Томас Хендрик Илвес и неговата канцеларија се борат со лажен профил на „Фејсбук“ направен во негово име, пренесува Интерфакс.
Лажниот профил е на англиски јазик и веќе има повеќе од 45 пријатели. На страната е објавена фотографија на естонскиот претседател, земена од интернет. Во дополнителните информации е запишано дека Илвес сака пита, а да си претседател е „многу весела работа”. Покрај тоа, напишано е дека Илвес има врска со жена по име Елхеаво Санторум.
Во Естонија слични лажни профили се сметаат за кражба на идентитет или кражба на лични податоци. Полицијата може да интервенира, ако човекот, чии податоци се употребени, поднесе жалба. Засега нема податоци за тоа дали естонскиот претседател се обратил до полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top