Според албанските медиуми, транзитот низ Албанија до западноевропските земји, илегалните африкански емигранти ги чини најмалку 300 евра.
Весникот „Шќиптарја“ го наведува последниот случај на откриени 31 емиграти од Сирија, од Еритреја и од Мали, приведени во текот на новогодишната ноќ во близина на преминот Хан Хоти, на границата со Црна Гора. На групата, која ја сочинувале 20 мажи и 11 жени, шверцерот им земал 9.300 евра или по 300 евра за секого од нив. Шверцерите групата ја транспотирале од Ѓирокастро до споменатото место по што си заминале. Полицијата интензивно работи на нивно откривање, бидејќи се сомнева дека станува збор за добро организирана криминална група за шверц на луѓе.
Според полициската статистика лани открини се околу три илјади илегални емигранти, а бегајќи од полицијата во реката Дрино се удавени двајца. Најчесто илегалните имигранти се од Пакистан, од Авганистан, од Сирија, од Мароко, од Египет и од Еритреа, но ги има и од Мали и од Судан. Откако илегално ќе влезат на албанска територија, главно од Грција, патот кон Западот се обидуваат да го продолжат за Италија или преку Црна Гора за друга земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


