| четврток, 6 декември 2018 |

Секс пози на годината

sexАко некој не знаел, годините си имаат и свои секс пози кои ги одбележуваат. Интернет порталите за здравје прнеесуваат дека  ланската година ја обележале секс-пози во кои доминираат жените. Па додаваат, доколку сакате да сте „тренди“ и оваа  година, веројатно трите најпопуларни омилени пози кај жените ќе бидат: Завртена јавачка, Секс на столица и Yab Yum.

Завртена јавачка

Во оваа секс-поза мажот лежи на грб со раширени нозе, свиткани во колената. Жената седнува врз него, завртена со грб спрема неговото лице. Придржувајќи се за неговите колена, жената ја контролира брзината и длабочината на пенетрацијата, наизменично клекнувајќи и издигнувајќи се, а мажот ѝ асистира, допирајќи ги и поткревајќи ѝ ги колковите.

Секс на столица

Наслонот од столицата потпрете го до кревет или до фотелја. Мажот треба да седне на столот, а жената свртена кон него со лице, треба да седне врз него и да ги префрли нозете преку неговите бедра, потпирајќи се со стапалата на креветот. Додека мажот ја држи за колковите и нежно ја придружува, таа се подига, држејќи се за неговите рамена и така ја диктира динамиката на односот.

Yab Yum

Една од најпопуларните тантрички пози е онаа во која мажот седи со прекрстени нозе, на т.н. турски начин. Жената седи на него, свртена кон него со лице, обвивајќи го неговиот струк со нејзините нозе. Мажот го диктира темпото на водење љубов, со подигање на нејзиното тело. Ова е многу интимна поза, бидејќи во неа партнерите се постојано прегрнати и воедно можат да си разменуваат бакнежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top