| четврток, 6 декември 2018 |

На жените им е потребно повеќе сон отколку на мажите

На женскиот мозок му е потребно повеќе сон отколку на машкиот, се наведува во најновата студија на амриканските научници, а пренесуваат француските медиуми.

– На некои им се потребни шест часа, а на некои девет. На жената и е потребно повеќе сон за да се одмори и да го регенерира мозокот – навеле научниците од универзитетот во Јужна Каролина.

Тие ја проучиле потребата за спење на двата пола и дошле до заклучок дека на жената и е потребно повеќе сон, бидејќи во текот на денот повеќе користи еден дел од мозокот за извршување на секојдневните работи. Ако спие помалку жената е повеќе склона кон психички проблеми, често проблеми во расположението, дури и депресија.

Научниците навеле дека за саморегенерирање на мозокот добро е попладневно спиење, но не подолго од 90 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top