Дваесет и четиригодишен кривиопаланчанец во алкохолизирана состојба украл такси-возило, со кое бесно возел низ градот при што направил сообраќајка, а кога дошле полицајци на увид, ги нападнал и нив.
Полициската станица во Крива Паланка поднесе кривична пријава за М.Р.(24) од Крива Паланка за сторени кривични дела одземање моторно возило и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
На 19.12.2013 година, околу 4 часот, пријавениот под дејство на алкохол одзел такси- возило, сопственост на ТП „Бонтон“ од Крива Паланка, по што предизвикал сообраќајна незгода со истото. При вршење увид од страна на увидна екипа пријавениот физички нападнал еден од полицајците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.