| четврток, 6 декември 2018 |

Ема Вотсон одбива улоги поради испити

Младата глумица Ема Вотсон, наводно, била толку зафатена со учењето на завршните испити и поради тоа ги одбивала понудените улоги.

23-годишната Британка Ема Вотсон моментално е на последната година на англиски јазик на Универзитетот „Браун“ на Роуд Ајленд и напорно учи за последните испити.

Неименуван извор за весникот „Дејли мирор“ изјавил дека холивудските режисери не можат да очекуваат многу од соработката со Ема и дека младата глумица е толку многу зафатена со подготвување на испитите и поради тоа е принудена да ги одбива.

– На Ема ѝ е многу тешко што мора да ги одбие понудените улоги – вели изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top