Околу местото викано „Натнасер бачила“ и околните предели во атарот на селото Велмеј, во близина на Охрид, денеска е пронајден човечки труп, објави Охрид Прес.
Акцијата започна вчера рано наутро, со која се пребаруваа планинските места за пронаоѓање на исчезнатата малолетна девојка од селото Лешани, која во СВР Охрид на 12-ти ноември минатата година, беше пријавена како исчезнато лице од страна на нејзиниот татко. Во неа учествуваа повеќе полициски службеници од Полициската станица Охрид.
Информацијата за Супер радио ја потврдија жители на селото и извори од истрагата, но во интерес на истрагата не се објавуваат повеќе детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.