| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца повредени кај Јажинце, 14 сообраќајки во тетовско

сообраќајкаТри момчиња од тетовско Јажинце се повредени во сообраќајка на магистралниот пат Тетово – Јажинце, половина час по полноќ.  Автомобилот „Форд Фокус“ управуван од И.Ф. (18) во близина на сепарацијата на ИГМ Вратница, од неутврдени причини излетал од патот. Според СВР Тетово, сопатникот Ш.И. (19) здобил потешки повреди и од тетовската болница веднаш е упатен на клиниките во Скопје. Возачот и другиот сопатник Т.Е. (20) се исто така повредени и по укажаната лекарска помош се задржани на лекување во тетовската болница.

Според полицијата, во текот на вчерашниот ден и утрово во Тетовско се случиле вкупно 14 сообраќајни несреќи. Во 11 е причинета само материјална штета, во две патниците се здобиле со полесни повреди, а во последната кај Јажнице билансот е три потешко повредени лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top